ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Мерката за групирање по максимум двајца не важи за градежниот сектор

Мерката за групирање - Работник
108views

Градежните кмпании коишто сеуште работат мора да се придржуваат кон мерките и препораките на Владата и постојано да ги применуваат во текот на работниот процес, посочија од Министерството за транспорт и врски.

Поради ова, од министерството наведуваат дека сите градежни компании треба да ги организираат работниот процес и работното место во согланост со вонредните мерки на Владата.

„Сакаме да појасниме дека одлуката за ограничување на движење на максимално две лица на цела територија на земјава се однесува за движење на јавни места и јавни површини. Оваа мерка не ги опфаќа работниците од градежниот сектор при реализација на нивните работни обврски, што подразбира дека тие можат слободно да ги извршуваат своите работни задачи и својот превоз според природата на работата во рамки на работното место на начин организиран од работодавецот“, појаснуваат од Министерството.