ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Мерки од четвриот пакет кои се однесуваат на работниците и другите граѓани

Мерки од четвриот пакет - Работник
594views

Новиот, четврт пакет на мерки има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и работните места, да закрепне одредени дејности, да обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да обезбеди политики кои ќе помогнат во спроведувањето на брза излезна стратегија кога ќе заврши кризата, за да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија, рече Премиерот Зоран Заев, на денешната прес – конференција на која го претставуваше четвриот пакет на мерки.

Истакна дека поддршката за стопанството и граѓаните продолжува и никој нема да биде изоставен. Посочи дека ги имаат во предвид сите дејности и сите компании.

„Нашето внимание е целосно насочено кон поддршка на работните места, кон невработените лица, социјално – ранливите категории, како што се пензионерите и граѓаните од другите категории, како самохраните мајки итн.“, рече Заев.

Четвртиот пакет на мерки е директна помош за економската и социјлната сигурност на нашите сограѓани, како и за поттик на приватната потрошувчка, како стимулатор на општествениот раст, посочи Заев.

Првата мерка е поддршка на исплата на плати која продолжува да важи и за последниот квартал оваа година, односно месеците октомври, ноември и декември. Таа опфаќа 83,000 вработени и самостојни вршители на дејност, месечно. Новост во оваа мерка е што поддршката ќе биде одредена скалесто, согласно падот на приходите кај компаниите. Колку е поголем падот на приходот во компаниите опфатени со оваа мерка, толку ќе биде поголема поддршката за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14,500 денари по вработен до 21,776 денари по вработен.

„Со новата методологија за исплата на платите ќе бидат поддржани 250 илјади работни места на нашите сограѓани за последниот квартал. Вредноста на оваа мерка изнесува 70 милиони евра и за да се оставри правото на неа компаниите ќе аплицираат со тоа што ќе мора да го задржат бројот на вработени, заклучно со 21 јули 2020 година. Оваа мерка важи и за самостојните вршители на дејност, како трговците – поедници, занаетчиите итн.“, рече Заев.

Втората мерка е продолжување со платежните картички на граѓаните за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејности, рече Заев. Истакна дека овојпат платежните картички се со износ од 6,000 денари, а истите ќе ги добијат 5,726 самохрани родители, пензионери со пензии до 15,000 денари, односно 182,271 пензионер, невработени кои се пасивни баратели на работа, односно 85,108 граѓани, самостојните уметници, филмските работници, културни и естрадни уметници, чија броја изнесува 520 корисници, истакна Заев.

„Платежни картички „Купувам Домашни“ ќе добијат уште 540 студенти кои во претходниот пакет не ги добија овие картички, за што навремено и со право реагираа претставници на студентите. Ќе има плус поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година, а нив ќе ги добијат 884 студенти и 347 ученици“, посочи Заев.

Тој рече дека помош ќе има и за граѓаните над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија, а се со приходи пониски од 15,000 денари или воопшто немаат приходи. Со тоа оваа мерка опфаќа над 280 илјади граѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра. 

Како трета мерка е зголемување на грејс периодот кај безкаматните кредити кај Ковид – 1. Со оваа мерка преку Развојната банка на Р. Македонија, на постоечките корисници на кредитни линии од оваа банка, ќе им се обезбедат дополнителни три месеци грејс преиод, пред да започнат со исплата на ануитетите од земените кредити. 

Со четвртата мерка од новиот пакет, како што вели Заев, се обезбедни нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка. Овие кредити се обезбедни од страна на Европската Инвестицика банка и ќе бидат пласирани во јануари 2021 преку деловните банки за поддршка на домашните компании. Нагласи дека овие кредити се со исклучително ниска камата. 

Заев истакна дека петта мерка го потврдува нивниот принцип дека никој нема да биде изоставен и таа предвидува поддршка со плата за туристичките водичи. На 150 регистрирани туристички водичи, за месеците октомври, ноември и декември ќе им биде исплатена минимална бруто плата во висина од 21,776 денари. 

Шестата мерка се однесува за поддршка на секторот туризам, за кој Владата определила мерка за поврат на туристичката такса за 2019 година. Ова се однесува на 4,740 хотелиерски субјекти кои организирален ноќевања во 2019 година, на кои ќе им бидат вратени 2 милиони евра, колку што изнесува и вкупниот износ на туристичката такса инкасирана во таа година. 

Седмата мерка се однесува стриктно на туристичките агенции. Корисници на оваа мерка ќе бидат 500 туристички агенции во земјата, а нејзината вкупна вредност 1,9 милиони евра, каде што ќе бидат дадени грантови од 3 до 7 илјади евра за сите туристички агенции, во зависност од бројот на вработени, вкупниот промет во 2019 година и во зависност од тоа дали се носители на А или на Б лиценца. 

Низ консултации со стопански комори, Заев порача дека ја оформиле и осмата мерка, а таа е намалување и/или укинување на парафискалните давачки. 

„Многу брзо со стопанските комори ќе ја утврдиме листата во следниот период, од приоритетните парафискални давачки, како што се надоместоци, такси, дозволи, лиценци, плаќање за издвојување на средства по разни основи и нивно тековно намалување и/или нивно укинување“, рече Заев.