МакедонијаНовостиСиндикат

Меѓународен семинар за синдикатите во јавен сектор – Тема: платите, застапеноста на корупцијата, реформите…

   Време за читање 2 минути

Од 11-13.12.2023 год. во организација на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија заедно со Solidarity center од Америка се одржува семинар на кој присуствуваат синдикати од јавниот сектор од Македонија, Србија, Црна Гора, Република Српска и Албанија.

Темите кои се обработуваат овие три дена се горливи проблеми со кои се соочуваат земјите, почнувајќи од моменталните состојби во јавната администрација, проблемите со кои се сочучаат, потребните реформи, платите, застапеноста на корупцијата, се во насока на потребите за преговорите за пристап кон Европската Унија.

Овие теми развиваат бурни дискусии од страна на сите присутни учесници имајќи во предвид дека земјите од Балканот се соочуваат со слични проблеми и состојбата со корупцијата е на ниво кое спречува развој и напредок на самите држави.

Како панелисти на овој семинар беа претставници од НДИ – National Democratic Institute од Америка кои работат ширум светот за зајакнување и заштита на демократските институции, процеси, норми и вредности за да обезбеди подобар квалитет на живот за сите.  Мисијата на НДИ во Македонија се состои од тоа да ги направи јавните институции потранспарентни и поодговорни пред јавноста и да го реконфигурира политичкиот дискурс за да биде поинклузивен и помалку партизиран. Го поддржува плурализмот и промовирањето на лидерството на жените и младите, граѓанските организации, спроведување на истражување на јавното мислење, едукација на гласачите и набљудување на изборите.

Тие изнесоа своја страна на работата против корупцијата во Македонија и во земјите од Западен Балкан каде имаат свои канцеларии и констатираа одредени состојби на кои сеуште треба да се работи, почнувајќи од промена на општото мислење и перцепцијата за присутноста на корупцијата и начините за нејзино искоренување.

Плодната дискусија на учесниците сеуште трае и треба да резултира со потпишување на меморандум за соработка помеѓу присутните синдикати кои во иднина ќе ги вмрежат своите активности, ќе пренесуваат искуства и ќе си помогнат во иднина во борбата за подобри плати во јавниот сектор и во борбата со корупцијата.