ПравдаСиндикат

Меѓународната организација на труд организираше тренинг за работни односи во Женева

Меѓународната организација на труд организираше тренинг во Женева - Работник
466views

Во периодот од 30.05 до 07.06 се одржа тренинг во организација на Меѓународната Организација на трудот.

Овој тренинг е во програмата на МОТ и се одржува секоја година од страна на департманот за истражување при МОТ. За реализација на овој тренинг се искористени сите ресурси и експерти со кои располага МОТ кои даваат дополнителна вредност на квалитетот на тренингот.

Овој тренинг опфати голем опсег на теми поврзани со работните односи,концептот на пристојна работа,  конвенциите на мот и новите облици на работа кои имаат свое влиание и предизвикуваат промени во повеќе области како правото на организирање и колективно договарање, социјалната заштита, намалената можност на уживање на работничките права поради постоење на нови договори за вработување кои се различни од стандардниот кој е за нас познат.

Оваа година за прв пат Македонија учествуваше со свои претставници од страна на работодавачите и работниците. Присутни беа по еден претставник од Конфедерацијата на слободни синдикати и Организацијата на работодавачи на македонија.

Сесиите беа одржани од страна на експерти на МОТ кои покрија теми од областа на работните односи,  односно правата кои произлегуваат од договорот за вработување, социјалната заштита, примена на стандардите на МОТ, влијанието и начини како да се намали неформалната економија, улогата на трудовата инспекција, ефектот на примената на минималнта плата, влијанието на миграцијата на работници, вознемирување и насилство на работно место и сето тоа во корелација со главните одржливи развојни цели ( sustainable development goals), програмата за пристојна работа (desent work ) и иднината на работата ( future of work ) во сферата на трудот согласно стандардите на МОТ.

Важно да се спомене е дека учесниците доаѓаат од страна на сите социјални партнери, односно работниците, работодавачите и владата со што се запази трипартитноста на групата примената на социјалниот дијалог и како начин на комуникација, но и како начин за согледување на предизвиците во сферата на трудот од сите три страни.

Ова е еден од начините на кои се пренесува големата слика на МОТ, пристојна работа за сите, почнувајќи од едукацијата и примената на стандардите на труд.

Имено МОТ оваа година слави 100 год од своето постоење.