СветСветот на работникотСиндикат

Меѓународниот синдикат за транспорт бара јасни мерки во врска со климата и технологијата

Меѓународниот синдикат - работник
136views

Незадоволството на работниците ширум светот се повеќе ќе расте доколку владите не ја преточат глобалната расправа за заштита на климата и дигитализацијата во јасни мерки и стандарди, предупредил шефот на глобалниот синдикат на транспортните работници.

На работниците им се порачува дека нивните работни места наскоро ќе ги преземат камиони и возови без возачи, а слушаат и дека треба да се намали емисијата на јаглерод диоксид, рекол Генералниот Секретар на Меѓународната Федерација на транспортни работници – ИТФ, Стивен Котон.

„Нашите луѓе имаат двострука лоша среќа. Тоа прашање предизвикува полтичка поларизација во целиот свет, бидејќи луѓето не знаат каде е нивното место во сето тоа“, рекол Котон на Светскиот економски форум за новинаската агенција дпа.

Транспортот сочинува четвртина од глобалните емисии. 

Додека корпорациите и владите бараат начини за преквалификација на работниците за да стекнат вештини за дигиталната економија, досега не се размислувало за тоа што точно би требало да научат луѓето, рекол Котон.

Синдикалецот бара и од државите да разработат стандарди за емисиите.

Неизвесноста по прашањето на идните стандарди за емисии за бродските мотори веројатно ја одиграла улогата во наглото паѓање на нарачките за производство на бродови, рекол Котон, прашан да коментира за тоа како климатските расправи влијаат на транспортниот сектор.

Транспортот сочинува четвртина од емисиите поврзани со енергентите, а тие од тој сектор брзо растат, според лондонскиот ИТФ.

Синдикатот сака да им помогне на владите и корпорациите бидејќи сака да биде вклучен во одлучувањето за клматските промени, но не било секогаш така. ИТФ не ги претставува само секторите кои имаат неутрални или негативни емисии на јаглерод диоксид, како железниците, туку и оние со големо ниво на емисии, како патниот и морскиот транспорт, објаснил Котон.

ИТФ е синдикат кој претставува 18,5 милиони работници во патниот, воздухопловниот, железничкиот и морскиот транспорт.