МакедонијаПравда

МЗЗПР: Вкупно десет граѓански организации и здруженија добија грант во рамките на програмата за суб-грантирање.

МЗЗПР: Вкупно десет - Работник
201views

Почнувајќи од 1-ви Јануари 2019 година, Maкедонското здружение за заштита при работа во рамките на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ”, се започна со имплементација на акциите на кои им беше доделен субгрант. Проектот е финансиран од Европската Унија, истакнаа од МЗЗПР на нивната веб страна.

Вкупно десет (10) граѓански организации и здруженија добија грант во рамките на програмата за суб-грантирање.
Весна Ристовска, менаџер на проектот зборува за придобивките и предизвиците при спроведување на грантовата шема. Градењето на капацитетите на граѓанските организации со доделувањето на подгрантови им овозможија на локалните организации да работат на одредени прашања од областа безбедноста и здравјето при работа.

„Во ова издание ви ги презентираме резултатите од досегашната имплементација на три суб-грантирани
акции, во имплементација на Асоцијација за правно-економски истражувања и едукација- ЈУРИДИКА, Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) и Конфедерацијата на слободни синдикати
(КСС)“, навеодоа тие.