МакедонијаСиндикат

МЗЗПР: Сеуште има голем број на несреќи при работа

Македонија е ставена со африканските земји во областа на заштита на работниците - Работник
636views

Денес по повод светскиот ден за безбедност и здравје при работа Македонското здружение за заштита при работа во паркот во нас.Лисиче – Скопје  засади 33 дрва во знак на сеќевање на работниците кои го изгубиле својот живот на работните места.На  денешниот настан присуствуваа активисти , граѓани дел од социјалните партнери преставници на синдикатите, на работодавачите како и директорот на ЈП Паркови и зеленило Скопје, кој сите заедно одаа почит и се присетија на сите оние кој во измината година ги напуштија својте семејства при несреќи на работното место на кој имало смртни последици.

Извештајот  кој што Македонското здружени  за заштита при работа го издава секоја година, говори  дека мината година во нашата земја имало вкупно 157 несреќи при работа од кои 124 се потешки повреди додека за жал 33 се смртни случаеви.Споредбено со мината година ваквиот тренд бележи зголемување во делот на смртните случаеви , додека споредбено со годините наназад трендот кој до 2016 година бележеше пад во последните две години повторно е во пораст, што секако треба да се вклучи алармот и иитно да се лоцираат недостатоците кои приденесуваат до ваквата фактичка состојба на зголемување на повредите и смртните случаи на работно место.Од МЗЗПР истакнуваат дека бројките се алармантни и покрај нивната заложба , на која секојдневно работат на подигање на свеста кај  работодавачите ,па и кај работниците и нивните преставници, преку укажувања и несебична помош која што ја даваат преку иницирање на квалитетен социјален дијалог преку настани, обуки, форуми, преку лоцирање на недостатоците на Законите и нивната примена и постојано барање на  креирање на безбедни и здрави работни места.

Нашата држава бележи пад и ова е  показател дека сите одговорни чинители , индиректни или директни , на повредите и смртните случаи на работното место треба итно да се зафатат со работа и преку лоцирањето на нивните пропусти и нивна корекција да доприносат до поквалитетни работни места , до почитување на работникот  како движечка сила на едно општество.