ПравдаСветот на работникот

МЗЗПР: 100 отсто плата за секој вработен-заболен од коронавирусот на работното место

547views

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) достави предлог текст на уредба до Владата со која бара на секој заразен на работното место со коронавирусот да му следува целосен надоместок од плата во износ од 100 отсто. До овој момент, на сите вработени кои пријавуваат отсуство од своето работно место поради ковид-19, Фондот за здравствено осигурување им исплатува само 70 отсто од плата, како за редовно боледување.

Оттаму велат дека со усвојувањето на ваква Уредба од страна на Владата, целосно ќе се испочитува правото на еднаквост на граѓаните, без разлика на вера, нација, конфесија и пред сѐ работата која ја работат.

Повеќе прочитајте на новамакедонија.мк