Мигрантските работници ја „менуваат играта“ – Преку посебна техника ги раскажуваат своите сурови патешествија

Што се случува кога нелегални мигранти од Бангладеш и Пакистан кои работат во Грција ги земат своите мобилни телефон и ги снимаат своите животи како мигрантски работници?

„Ова ќе им покаже на луѓето како ги живееме нашите животи тука“, вели еден од мигрантите, мислејќи на фотографиите и видеата кои ги прават. За работниците, тие се доказ за нивното „мигрантско преживување“.

Ковид – 19 и грижата за недостаток на храна резултираа со зголемени медиумски приказни за мигрантските земјоделски работници, со стории раскажани во нивно име. Четири пара на мигранти од Јужна Азија во Грција сакаат да го „сменат сценариото“ и да ги раскажат своите приказни.

Тие употребиле алатка за визуелно раскажување на приказни за да се прикажат себеси и нивните грижи во јавноста. Ова, со текот на времето, преминало во мултимедијална патувачка авантура, но и дигитална архива.

Долги часови, ниски плати

Секоја година, илјадници млади луѓе од Јужна Азија на работа во Грција. Тоа најчесто го прават поради сиромаштијата, климатските промени, политичките потценувања или етничките или верските насилства во нивните родни земји. Без документи, а со тоа и во „илегала“, тие завршуваат на полињата, како дел од неформалната економија, во Грција, како „флексибилни работници“. И покрај тоа што 90 % од грчкото земјоделство, зависи од мигрантските работници, тие земаат ниски плати, се соочуваат со крадење на заработените пари и се натерани да работат долги часови без одмор.

Авторката на оваа статија, Рина Кукреја, вонреден професор на Кралскиот универзитет во Онтарио, Канада, вели дека од 2017 година спроведува истражување со голем број од овие луѓе, со цел да дознае како нивната „илегалност“ и рестриктивните миграциски политики го обликуваат трудовиот исход и нивните машки аспирации.

A screenshot from a WhatsApp group

A screenshot of one of the WhatsApp groups, ‘Migrant Workers Welfare Collective’ (the names of participants are pseudonyms). (This is Evidence)

Процесот на истражување, како што вели, започнал органски, откако мажите ѝ испратиле фотографии преку Вотсап (WhatsApp). Таа сугерирала да користат Photovoice, за да може да ги споделат нивните приказни со јавноста.

Photovoice, објаснува, е корисничко – ориентирана визуелна стратегија која се користи за да се соработува со социо – економските и политички маргинализираните населенија.

Учесниците го фотографираат она што сметаат дека е важно, а не она што истражувачите сакаат да го забележат. Фотографиите потоа се проследени од текст кој се пренесува преку разговорот помеѓу учесниците во Photovoice. Овие нарации често се користат за да поттикнат промени.

Уникатната инсајдерска перспектива која ја овозможува Photovoice, ја прави многу важна за културна медијација и само – претставување.

Споделување на нивните мисли

Три групи на мажи од Бангладеш вработени во агробизнис со јагоди и една група на Пакистанци вклучени во неформалната економија во Атина, направиле посебни Вотсап групи, во кои ја вклучиле и неа. Групите биле активни од средината на 2018 до крајот на 2021 година.

Мигрантите ги користеле своите телефони за да фотографираат, снимаат видео и звучни пораки за проблемите со коишто се соочуваат како мигрантски работници. Тие исто така зборувале и за несреќите при работа, мизерните услови за живеење и работничкиот активизам за бесплатен пристап до вакцини против Ковид – 19. Едноставноста на мобилните телефони, раскажува авторката, им помогнала да не привлекуваат непотребно внимание на себе.

Преку овој проект, мигрантите можеле да комуницираат меѓу себе, но и со неа, користејќи ги Вотсап групите како форуми за дискусија. Нивните грижи за тоа да не бидат задржани некаде за да не се собираат на едно место во комбинација со непредвидливите работни часови, не ги сопрело во намерата да ги документираат нивните искуства. Ова резултирало, вели таа, со поголем дијалог и колективно носење на одлуки.

Правилата биле едноставни: морале да добијат дозвола од ние коишто ги фотографирале и соодветно да ги употребуваат нивните фотографии.

A man takes a photo of another man on his cellphoneParticipants in the project shared photos and stories via WhatsApp. (This is Evidence)

Ова е Доказот

Нивната работа придонела кон креирање на мултимедијална содржина, која помогнала да се направи. Работеле заедно за да издвојат фотографии, видеа и аудио записи и за да ја осмислат изложбата наречена „Мигрантските бараки од Манолада“.

Изложбата, Ова е Доказот, била тематска и ги прикажувала преминувањето преку граници, бескрупулозната работа , Ковид -19 и активизмот. Цитатите за истата биле избрани од нивните разговори од аудио записите и интервјуата направени со нив.

Авторката истакнува дека без разлика на тоа што оваа изложба ги опфаќа животите на само неколку мигранти, нивната приказна е одраз на ситуацијата во која се наоѓаат многу мигранти ширум светот – вклучувајќи ги оние кои работат на земјоделските површини во Канада.

Овие проект, вели таа, ги предизвикува стереотипите на мигрантските работници, често квалификувани како антагонисти поради нивниот род, раса и религија. Исто така, според неа, служи за да поттикне да се прошират искуствата на „заменливите“ мигрантски земјоделски работници насекаде низ светот, преку изложби и дигитални архиви.

Men sit in a circle, cross-leggedMen come together to destress by singing Sufi songs. (This Is Evidence)

Мигрантите знаат дека кога треба да бидат слушнати од обичните луѓе и креаторите на политики, им се затвораат многу врати. Ова е Доказот служи како начин на пристапна комуникација, која ќе овозможи приказната на мигрантските работници да стигне до што е можно поголем број на мигранти.

Извор: theconversation.com

Автор: Reena Kukreja

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.

Бобан Илијевски

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.