ЕкономијаМакедонија

Мизо: Глобалните автомобилски компании најавија отпуштања, но тоа нема да се случи кај нас (Видео)

Мизо: Автомобилски компании - Работник
94views

Она што веќе го гледаме е дека голем број на глобални компании коишто произведуваат возила најавуваат намалување и отпуштања на навремено вработени луѓе или пак некои структурни отпуштања, рече Претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство во рамките на Советот на странски инвеститори при Стопанската Комора на Македонија, Виктор Мизо.

Тој истакна дека тоа не значи дека ова ќе се случи само оваа година, туку тоа би било тренд кој би траел некои две до три години, бидејќи намалувањето на производството на возила нема да биде само во 2019 година. Според него производството би се нормализирало на крајот на 2022 и почетокот на 2023 година.

„Значи има еден процес на намалување, а потоа благо враќање на таа нормала од минатата година“, рече Мизо.

Тој наведе дека автомобилските компании како: Нисан, Форд, БМВ, Хонда, Дајмлер, Фијат, Ауди, Џенерал Моторс, Јагуар, Ландровер…, сите овие компании веќе имаат јавно објавено дека ќе го намалуваат бројот на вработени. Според него бројот на работници ќе го намалуват и добавувачите на компаниите за производство на возила. Тој наведе дека отпуштањата нема да се случат само во Европа, туку на глобално ниво.

Истакна дека при крајот на мај, Асоцијацијата испратила неколку барања и коментари до Владата на Р. Македонија.

 

„Испративме барања и коментари околу даноците, царините, работните односи, животната средина, работи поврзани со локални добавувачи, образование (некои од странските компании веќе имаат воведено дуално образование), тренинг, обука и структура на државна помош“, рече Мизо.

Тој потенцираше дека со имплементирање на нивните барања би се подобрила бизнис климата во државата, а воедно и би се подобрила конкурентноста на компаниите, бидејќи ова не ги засега само странските компании во државата, туку сите компании.

На новинарско прашање колку работници би биле ефектуирани во Македонија од глобалната автомобилска криза, Мизо рече дека во Македонија има околу 30 компании кои произведуваат автомобилиски делови, а во нив има некаде околу 25 до 30,000 вработени кои би можеле да бидат зафатени од кризата. Сепак, Мизо нагласи дека не мора да значи дека кризата ќе биде и на локално ниво, односно дека нема да бидат отпуштани работници од автомобилските комапнии во Македонија, туку ќе има пад од 3 до 5 отсто, оваа и следната година

Тој истакна дека тие бараат и поголема флексибилност во новиот закон за работни односи за работодавачите, како и дека нивна работа е да ја зголемуваат продуктивноста на работниците и дека нема да има намалување на плати.

Имено, причините за намалувањето на производството се Брегизтот, односно неговата неизвесност, американско – кинеската трговска војна, како и намалувањето на продажбата на возила кое оваа година ќе изнесува 4,3 милиони возила на глобално ниво.

Бобан Илијевски