- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Мизо: Забавено ќе се зголемува бројот на вработени во странските компании

Мизо: Забавено ќе се зголемува бројот - Работник
391views

Лош старт на новата година бележи автомобилската индустрија. Бројките за првото тримесечје покажуваат пад до 15% од планираното, или до 25 отсто во спредба со лани. Намалената побарувачка на нови автомобили, големите залихи од минатaта година, недостатокот на микропроцесори и пожарот во фабрика за нивно производство во Јапонија се причините реалноста да биде посурова од очекувањата, вели престедателот на Асоцијацијата на странски компании со напредни технологии, Мизо.

– Бројките не одат во насока кои беа очекувани. Сите овие услови ќе придонесат оваа година да се произведат за 1, 3 помалку возила во Европа отколку што се планираше. Затоа во 2 квартал се очекуваат уште полоши бројки. Пад од 5 до 15 отсто, изјави Виктор Мизо, претседател на Асоцијација на странски комании со напредни технологии.

Од случувањата на европскиот пазар, ќе зависи колку брзо ќе биде опоравувањето кај нас. Засега, отпушатања на вработени нема, но нема ни нови вработувања.

– Дури некаде во третиот квартал се надевам дека ќе стигнеме до оние буџетирани бројки, но се ќе зависи од случувањата во Западна Европа. Тоа не значи дека ќе има отпуштања, но нема да има вработувања со онаа динамика како што очекувавме и планиравме, додава Мизо.

Инаку, во 20 те комапнии кои произведуваат делови за автомобилската индустрија работата над 30,000 лица. Токму овие фирми го билдаат индустриското производство и обезбедуваат половина од вкупниот извоз.

Извор: Сител