- Advertisement -
ЕкономијаСветСветот на работникот

Милион граѓани се пријавиле за помош за невработени во САД

Милион граѓани - Работник
194views

Бројот на пријави на американски граѓани за додаток за невработени претходната недела изнесувал еден милион, објави Секретаријатот за труд. 

Во неделата која и претходела се пријавиле 1,1 милиони граѓани, додека во неделата која завршила на 22 август која и претходела се пријавиле 1,06 милиони, соопштил американскиот Секретаријат за труд, објавил Ројтерс, а пренесува Глас на Америка. 

Advertisement

Делумното отворање на економијата довело до намалување на бројот на пријави за помош на невработените кој во март достигнал рекордни 6,8 милиони. 

Ова се случило во текот на воведените заострени мерки за сузбивање на глобалната пандемија од коронавирусот. 

Advertisement
Advertisement

Меѓутоа, во август, бројот на пријави во текот на една недела за прв пат изнесувал помалку од еден милион. 

Истовремено, бизнис сферата ја исцрпела помошта во вид на кредит за исплата на заработката на вработените – додека последниот ден од јули престанала да важи и програмата за помош на невработените во вид на неделна исплата од 600 долари. 

И американската Стопанска комора во својот последен извештај потврдила дека економијата, во второто тромесечје од 2020 година, ги претрпела најголемите загуби во последните 73 години. 

Според податоците на американската влада, во последното тромесечје бруто домашниот производ паднал за 31,7 отсто. 

Инаку, американската економија од февруари е официјално во рецесија. 

Advertisement