- Advertisement -
ЕкономијаСветСветот на работникот

Милијардер им подарил шест милиони акции на работниците во вредност од 233 милиони долари

Милијардер им подарил - Работник
185views

Тревор Милтон, основач и претседател на корпорацијата Никола која се бави со производство на електрични камиони, одлучил да им подари шест милиони акции на работниците. 

Акции ќе добијат 50 вработени кои први започнале да работат за оваа компанија. 

Advertisement

„Кога ја стартував оваа компанија ги барав најдобрите работници на светот и тоа беше огромен ризик. Веројатноста дека некогаш ќе успеам беше речиси никаква. На среќа, пронајдов неверојатна група на вработени кои се со мене од првиот ден“, рекол Милтон во видеото објавено на Инстаграм.

Акциите на компанијата со седиште во Феникс кои одлучил да ги подари моментално вредат околу 233 милиони долари, пренесува Бизнисинфо. 

Advertisement
Advertisement

Вредноста на компанијата пораснала откако Никола започнал тргување со Насдаку, поттикнат од апетитот на инвеститорите за произведување на електрични возила. 

Милтон (37) е претприемач кој го напуштил средното училиште и ги користел социјалните мрежи за промоција на компанијата. Многумина го споредуваат со Илон Маск, четвртиот најбогат човек на светот. 

Богатството на Милтон се проценува дека тежи 4,6 милијарди долари. 

Advertisement