ЕкономијаМакедонија

Минималецот се зголемува на 14,500 денари

Време е за К-15 - Работник
631views

Претседателот на Владата на Р. Македонија, Зоран Заев истакна дека бил постигнат договор помеѓу бизнисот и синдикатите за зголемување на минималната плата, а таа во иднина ќе изнесува 14,500 денари.

Моменталната минимална плата изнесува 12,507 денари.

-Во 2017 година ја зголемивме минималната плата за 3.500 денари, и досега изнесуваше 12.507 денари. Сега ја зголемуваме дополнителни 2.000 денари и ќе изнесува 14.500 денари, изјави Заев за Независен.

Додаде дека планот на Владата до крајот на мандатот е минималната плата да се зголеми на 16,000 денари, а просечната плата на 30,000 денари.