ЕкономијаСветСветот на работникот

Минималната плата ја зголеми продуктивноста, но ги натера малите компании да затворат

Минималната плата - Работник
251views

Минималната плата помогна да се зголеми продуктивноста и да се намали јазот во платите, откако е воведена пред пет години, вели една студија. Но, истовремено натера голем дел од малите компании да прекинат со работа, пишува Дојче Веле. 

Воведувањето на национална минимална плата во Германија направи бум во растот на продуктивноста кај работниците, покажува една студија која беше објавена вчера.

Владата во Берлин првобитно ја воспостави минималната плата во 2015 година, барајќи од компаниите да ги плаќаат работниците минимално 8,50 евра на час. Во тоа време, околу 15 % од германската работна сила заработувала помалку од таа сума.

Истражувањето на Универитетскиот Колеџ во Лондон (УЦЛ) и Германскиот институт за истражување на пазарот на труд (АИБ) откри дека промената не резултирала со поголема невработеност помеѓу работниците кои се на минималец, што бил еден од стравовите пред да се воведе минималната плата.

„Спротивно на грижата која ја одбележа дебатата пред воведувањето на минималната плата, не откривме дека таа ќе доведе до намалување на вработеноста“, за Дојче Веле рече истражувачот од УЦЛ, Кристијан Дастмен.

Наместо тоа, нивните анализи покажале дека ниско платените работници се префрлиле во поголеми компании, каде им биле понудени работни позиции на полно работно време кои барале поголема квалификација.

„Минималната плата ја зголеми продуктивноста со редистрибуирање на работници од помалку продуктивни компании во повеќе продуктивни компании“, рече Дастмен. Просечниот број на компании пораснал, како и пораснал бројот на работници кои работат во поголеми компании.

Националниот стандард помогнал да се намали јазот во платите во регионите, открила студијата. Но, натерал и неколку мали компании да се затворат, во области каде што пред 2015 година се исплаќале пониски плати од минималната.

Од 2015 година, минималната плата пораснала од 8,50 на 9,35 евра, а следната година треба повторно да се ревидира.

Таа била воведена во време кога Германската економија уживала долг период на раст, со невработеноста на најниско ниво во последните 25 години. Дастмен предупреди дека поради таа причина наодите од студијата „не значи дека ги генерализираат другите пазари на труд или други временски периоди“.