ЕкономијаМакедонија

Минимална плата за сите функционери и назначени во јавниот сектор за април и мај

195views

Владата ја донесе Уредбата за определување минимална плата од 14.500 денари за април и за мај за сите министри, пратеници, судии, обвинители, директори и сите други избрани, именувани и назначени лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба. Целта  е да се обезбедат средства за имплементација на економските мерки донесени од Владата за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот КОВИД -19.

-Согласно оваа Уредба на избраните, именуваните и назначените лица утврдени во член 2, за месеците април и мај 2020 година им се исплатува плата во висина на минимална плата утврдена за декември 2019 година во Република Северна Македонија, во износ од 14.500 денари. Заштедата по основ на оваа Уредба со која се опфатени 1165 функционери и 895 директори на втора линија буџетски корисници и на институции кои се финансираат преку блок-дотации изнесува околу 240 милиони денари за два месеца, соопшти владината прес-служба.

Повеќе прочитајте на 24вести.мк