ЕкономијаМакедонијаНовости

Министерот Бесими му го врачи Предлог-буџетот за 2021 на претседателот на Собранието

Министерот Бесими - Работник
33views

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го достави Предлог-буџетот за 2021 година до претседателот на Собранието Талат Џафери и на овој начин беше симболично одбележано влегувањето на Предлог-буџетот во највисокото законодавно тело. Предлог-буџетот за 2021 година се доставува до Собранието навремено, дури и порано од рокот предвиден со буџетскиот процес.

Министерот за финансии Бесими на средбата посочи дека во насока на самостојноста на буџетот на  Собранието – предлогот доставен од Собранието е инкорпориран во Предлог-буџетот за 2021, како што е даден од страна на законодавното тело без никакви интервенции.

Бесими истакна дека со буџетот за 2021 година се прават системски измени кои ќе постават основа за постратешко, подолгорочно и потранспарентно дејствување на јавните финансии во иднина, односно СМАРТ финансии. Овој буџет воведува нов концепт на среднорочно планирање – односно 5-годишна рамка за капиталните проекти, растот и дефицитот. Со тоа ќе се зајакнат и капацитетите за планирање, но и на реализација на таргетите. Исто така, ќе се воспостават и механизми кои ќе го мерат импактот на проектите врз економијата, како и систем на наградување и казнување на оние кои имаат добра реализација и на оние кои потфрлиле.

Предлог- буџетот за 2021 предвидува и средства за справување со Ковид-кризата. Тој има три цели – поддршка на здравството, поддршка на економијата и системски реформи во правосудството и евроатлансите интеграции. Ова ќе се постигне преку стратегијата за економско заздравување и забрзан раст (која содржи четири столба – справување со ковид кризата, одржлив и зелен раст, конкурентност на приватниот сектор и човечки капитал), како и политиките за  фискална консолидација на среден рок.

Министерот посочи дека очекува една демократска расправа во Парламентот за Предлог-буџетот, една дискусија која ќе биде конструктивна и ќе нуди решенија и оптимално дејствување. Бесими истакна дека во време кога целиот свет и глобалната економија се соочуваат со една од најголемите кризи, потребни се одлуки и решенија кои на прво место ќе го ставаат здравјето на граѓаните, но и економијата. Тој додаде дека е ова е време кога исклучително е важно да следиме претпазливо што се случува, да сме агилни – да дејствуваме брзо, но и да размислуваме стратешки на долг рок.