ЕкономијаСвет

Министерот за труд на Србија на консултативни состаноци со синдикатите за минималната плата

Министерот за труд - Работник
43views

Министерот за труд, вработување и социјални работи, Зоран Ѓорѓевиќ разговарал со Претседателот на Сојузот на самостојни синдикати на Србија, Љубосав Орбовиќ за зголемувањето на минимлната плата.

Ѓорѓевиќ истакнал дека во последните ве години минималната плата е кумулативнио зголемена за 18,6 отсто.

Месечната минимална плата сега е околу 27,000 динари, а ја примаат околу 350,000 работници.

„Владата на Србија континуирано работи на унапредување на животниот стандард на граѓаните и намерата на државата е да се продолжи со значајно зголемување на минималната плата и во иднина. Наскоро очекуваме зголемување на платите и пензиите, што е резултат на реформите кои ги започнавме пред неколку години, следејќи ги јасните насоки на Претседателот Александар Вучиќ“, рекол министерот.

Консултативни состаноци по повод зголемувањето на минималната плата, Ѓорѓевиќ неодамна одржал со Министерот за финансии Синиша Мали, а потоа и со Претседателот на Унијата на работодавачи, Милош Ненезиќ.

Наскоро на таа тема ќе разговара и со Претседателот на Обединетите грански синдикати „Независност“, Зоран Стоиљковиќ, по што ќе започна формалните преговори за минималната плата.