Министерот најавил мерки: „Ниедна компанија нема да биде вмешна во работење со нив“

Британските компании ќе се соочат со финансиски казни доколку не се исполнат барањата на Владата за тоа да во компаниите на странските добавувачи нема принудна работа.
Тоа го рекол денеска Министерот за надворешни работи Доминк Рабо,истовремено највувајќи одредени мерки поради наводното кршење на човековите права според угурското малцинство во регионот Шиџанг во Кина.
Министерот Раб додал дека официјалните служби издале инструкции на британските фирми кои имаат врска со Шиѓанг како да извршат проверка дали во компаниите со кои работат се почитуваат работничките права, пренела агенцијата АП.
Владата на Велика Британија има намера да го прекине контактот со добавувачите доколку се докаже дека постои прекршување на правата на работниците.
„Да поедноставам, наша цел е да ниедна компанија која профитира на основа на принудната работа на вработените не може да работи со Велика Британија и ниедна британска фирма нема да биде вмешна во нивното работење“, рекол Раб на пратениците во Парламентот.