Колумни

Министерство за „НЕ“ правда

Министерство за „НЕ“ правда - Работник
2.1Kviews

Автор: Стојче Јовановски

Во Затворите се соочуваме со константни промени се со цел (подобрување) на условите во затворите- за кого како. Поточно на осудените лица. Контроли, проекти, помош, надзор: ЕУ, Хелсиншки, Стразбург, човекови права, Народен правобранител, Национален превентивен механизам, итн, итн.

Сите што доаѓаат во контрола на Затворите само даваат насоки што треба да се подобри(демек ние не си ги знаеме проблемите), а никој не нуди решение.

Овде во Затворите конкретно осудените доаѓаат и си заминуваат, а вработените се тие кои се осудени, малтертирани, нон-стоп под закани за семејствата, мешање во интимноста, приватниот живот, притисок, материјални штети, опасности, болести, изложеност на зрачења, болести итн. Какви се условите на вработените, какви се платите ??? Вработените се посиромашни од осудените и потоа имало корупција по затворите, а управата наместо да ја зголеми платата на вработените и така да се намали корупцијата (европски показател дека со зголемена плата се намалува корупцијата), како механизам за спречување на корупцијата се фали со преместување на „корумпираните“ вработени од една установа во друга и обратно.

Ние вработените не се сеќаваме кога последно е набавена комплет  униформа и опрема  согласно правилникот. Покрај омаложувањата од осудените/притворените лица, поболен, срамен и долен е односот од претпоставените односно оние кои го водат Министерството за НЕ правда. На пр. ако може државава да  набави униформа за МВР кои се над 6000 вработени за 600 затворски полицајци (ЗП) мислиме дека не е проблем. Зошто секоја установа да набавува посебно и секоја установа да носи различна униформа со различни квалитети? Разликата помеѓу МВР и ЗП е само во амблемот. Кога се прави тендер за МВР нека се додаде бројот на ЗП и готово. Зошто да биде едноставно и практично кога може сложено, или заради оштетување на државата, посебни тендери или…

Во врска со законот за извршување на санкции (ЗИС). Името опишува и кажува за кого е законот. Овде сакам да потенцирам треба да се направи посебен закон кој ќе важи за сите вработени во затворите, а не како сега едни да бидат државни службеници, а други јавни службеници со еден збор каша попара. Повторно делби. И се прават и допишуваат измени и никако да се реши. Последниот ЗИС објавен во сл. весник бр,99 од 21,05,2019 само што стапи на сила и веднаш проблем. З.П од затвор Скопје не можеше да отиде во пензија поради пропусти во законот. И „НЕ“ правдата продолжува со нелогичности и двојни аршини. За осудените лица важи, а за ЗП не важи. Врз основа на законот чл. 97 „Припадник на ЗП има право на додаток на платата за посебни услови за работа и за работа изложена на ризик во висина од 30% од износот на основната плата“. Еве веќе сме 10 месец, истото не е применето.

Секој Затвор различно облечени, ниту легитимации, ниту значки, а  да не зборувам за личното вооружување. Платите се пресметуваат  секаде различно вклучително и судска полиција (министерство за „НЕ“ правда), поради неправилно пресметување на часовите сите тужат и сите добиваат и повторно и пресудите дел различни. Од една институција со пр:10 вработени тужат и предметите се кај 3-4 судии, пресудите се сите различни, еден прифаќа се, друг делумно, трет бара супервештачење итн. Исто и вештаците еден пресметал едно, друг +, трет -.  за кои има и судски пресуди во наша корист и првостепени и второстепени, кои се дел исплатени и преку извршители и редовно. И дел чекаат да се исплатат. И континуитетот продолжува повторно исто. Лекцијата не се научила, грешките се повторуваат итн.  Зошто не се почне да се исплаќаат согласно закон и да нема дополнителни тужби кои ќе го отпретуваат дополнително буџетот и за жал одговорност нема од никого.

Не се почитуваат уставот, решенијата за работа, правилниците за систематизација кои треба да ги изготвуваат раководителите и Законот за празници – неработни денови- за што веќе имаме добиено спорови пред суд.

За основна плата едни работат по еден фонд на часови а други друг фонд на часови. Кога зборувам за фонд за часови мислам на месечниот фонд на часови и ова е следната тема на која ќе пишувам односно за Трудовата дискриминација… во министерствата и во министерството за НЕПРАВДА.

Ставовите изразени во колумната во ниеден случај не ги одразуваат официјалните ставови на Порталот Работник