Занимливости

Министер отишол во викендица, па останал без фотелја

Министер отишол во викендица - Работник
140views

Министерот за култура во австралиската држава Нов Јужен Велс, Дон Харвин поднел оставка откако е казнет со 1,000 долари поради кршењето на забраната за патување.

Харвин е казнет откако е откриено дека патувал во својата викендица.

Тој тврди дека патувањето се случило пред да стапат во сила стриктните правила за ограничување на патувањата, но истакнува дека не сака неговиот случај да и пречи на Владата во борбата против корона вирусот, пренесува австралскиот портал Еј – Би – Си.

„Ништо не е поважно од работата на Владата во борбата против конорна вирусот. Нема да дозволам моите постапки да бидат пречка на тој труд и изразувам голем жалење затоа што моетое стамбено решение станало проблем во ова време“, изјавил Харвин.

Во Австралија во текот на велигденските празници забрането е напуштање на домовите, освен поради основните потреби.