Правда

МИОА: Анкетен лист за спроведување на функционална анализа

МИОА: Анкетен лист - Работник
448views

На последната седница на Владата на Република Северна Македонија, беше усвоена информацијата на Министерството за информатичко општество и администрација за потребата од спроведување на функционална анализа во институциите од јавниот сектор.

Со цел поедноставување на процесот на спроведување на функционална анализа, МИОА  подготви Анкетен лист, кој ги содржи основните податоци кои ќе дадат особен придонес при изработката на хоризонталната функционална анализа во јавниот сектор во Република Северна Македонија и кон постигнување на целта на истата – реорганизација и оптимизација на институциите.

Функционалната анализа е алатка која на администрацијата и овозможува да ги идентификува главните прашања поврзани со постојната организациска структура и со функционирањето на секоја поединечна институција, како и да овозможи креирање конкретни мерки за подобрување на институционалната ефикасност.

Целта на процесот на спроведување на функционална анализа е:

– да ги идентификува предизвиците од организациски и функционален аспект во институцијата во која се спроведува, кои можат потенцијално да го отежнат или попречат остварувањето на актуелните надлежности и задачи на институцијата, но и оние кои се предвидуваат со стратешките документи и

– да се предложат конкретни мерки за подобрување на исполнувањето на целите и задачите на институцијата, насочени кон остварување на очекуваните резултати.

Со  пополнувањето на анкетниот лист ќе се добијат податоци за секоја од институциите во однос на нивната надлежност, организациска поставеност, внатрешната структура и состојбата со човечките ресурси.

Едновремено, наодите од анкетните листви ќе претставуваат и солидна основа за редефинирање на приоритетите, редизајнирање на структурата и насочување на административниот капацитет кон остварување на подобри резултати во институциите од јавниот сектор .

Анкетниот лист може да га најдете на следниот линк:  АНКЕТЕН ЛИСТ

Се задолжуваат сите министерства да го дистрибуираат анкетниот лист до сите институции од јавниот сектор.

Се задолжуваат сите министерства да ги достават пополнетите анкетни листови од институциите до Министерството за информатичко општество и администрација.

Извор: МИОА