МИОА не може да ја сопре платата, таа е уставно право
Време за читање 2 минути
Автор: Стојче Јовановски
Почитувани,
Синдикатот на затворите не е против во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) да се воведе ред во системот за водење на евиденција на бројот на вработени во институциите т.е. да се воведе дигитализација преку систем за управување на човечки ресурси и тоа е за поздравување.
Ние сме против начинот на кој се спроведува пополнувањето на податоците.
Да бидеме директни и конкретни. НЕ МОЖЕ МИОА со уцени и во соработка со УЈП незаконски да ја стопира платата на вработените во институциите кои ги немаат внесено податоците за своите вработени. ПЛАТАТА НИ Е ЗАГАРАНТИРАНА СО УСТАВ и со ЗАКОН и тоа најдоцна до 15 во тековниот за претходниот месец.
Доколку некоја институција не ги пополнила податоците има други механизми кои можат да се применат, а не да се удира по не должните-вработените со стопирање на плата.
МИОА треба да се запраша и друго. Зошто тие институции до сега не ја извршиле дигитализацијата. Дали нема доволен број на кадар во одделението за човечки ресурси(ИСЧР)? Дали во ИСЧР имаат премногу работа?, па не можат да постигнат да ги пополнат податоците. Дали опструираат и доколку опструираат зошто? МИОА треба да го дознае одговорот на овие неколку прашања, па потоа да презема мерки.
Друг момент е тоа дали податоците на нас како вработени во Казнено поправните и воспитно поправните установи треба да бидат во тој систем или може како што е пропишано со член 19 став 3 од законот за вработени во јавен сектор. За вработените во АРМ, Министерство за одбрана, МВР и агенција за разузнавање- регистарот на податоци да се состои единствено од вкупниот број на овие вработени сето горенаведено со цел да се заштитат вработените во КПУ и ВПУ, бидејќи и нашата работа е специфична и бара да бидеме заштитени како нашите колеги од МВР и АРМ.
Со почит.
Ставовите изразени во колумната во ниеден случај не ги претставуваат официјалните ставови на Порталот Работник
Latest posts by Портал Работник (see all)