МакедонијаПравдаСиндикат

МИОА: Ќе имаме консултации со сите засегнати страни за трансферот од јавен во приватен сектор

МИОА- Работник
290views

Во однос на дилемите поврзани со трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор, концептот за
превземање е предмет на консултации и анализи заедно со бизнис секторот, синдикатите, а ќе биде консултиран и со вработените во јавниот сектор, реагира Министерството за информатичко општество и
администрација на соопштението на Сојузот на стопански комори.

-На првиот состанок на оваа тема, МИОА ги повика претставниците на сите стопански комомри во земјата, а свои високи претставници на состанокот имаше и Сојузот на стопански комори. На состанокот се разговараше за голем дел на отворени прашања и дилеми, а претставниците на ССК ја поддржаа идејата и покажаа спремност да бидат вклучени во дефинирањето на концептот, условите, начинот на превземање…, се вели во соопштението од Министерството, објави 1ТВ.

Целосниот текст можете да го прочитате тука