Економија

МКД: Кока-кола и Пепси го напуштаат лобито на производителите на пластика

Кока-кола и Пепси го напуштаат лобито - Работник
280views

Компаниите Кока-кола и Пепси, двата најголеми продавачи на пластични шишиња со пијалак, решија да го напуштат лобито на производителите на пластика, објави Си-ен-ен.

Двете компании за безалкохолни пијалаци работат на зголемување на употребата на еколошки попогодна пластика, односно сакаат да ја подобрат својата инфраструктура за рециклирање и да употребуваат производи што може да се рециклираат. Тие не се согласија со кампањата на Здружението на индустријата за пластика, поради која во државите на САД забраната на пластиката е прогласена за незаконска.

Здружението зазеде ставови што „не се целосно во согласност со нашите обврски и цели“, објави Кока-кола минатата недела, истакнувајќи дека претходно оваа година се повлекла од групата. Пепси искоментира дека се приклучила во здружението за да дознае за иновациите за „постигнување кружна економија на пластиката“, но тоа не се случило, пишува МКД.

Целосниот текст можете да го прочитате тука