ЕкономијаСветСветот на работникот

Младите во Швајцарија не сакаат да работат како градежници, а еве колку изнесуваат платите

Младите во Швајцарија - Работник
559views

Градежништвото во Швајцарија се соочува со големи проблеми бидејќи набрзо ќе му недостасува стручна работна сила, со оглед на тоа дека се помалку млади луѓе се одлучуваат за овој вид на образование.

Од друга страна, уделот на постарите од 50 години помеѓу стручните работници во градежништвото е над една третина.

Во последните десет години ширум Швајцарија јасно опаднал бројот на млади кои се одлучиле да се образуваат за ѕидари.

Во 2010 година имало повеќе од 1,200 млади кои се образувале за ѕидари, но минатата година оваа бројка е опадната на 700.

Тоа има негативно влијание врз градежништвото, бидејќи поголемиот дел од приправниците, раководителите и мајсторите се регрутираат од стручни училишта за ѕидари.

Од друга страна, уделот на постари од 50 години помеѓу ѕидарите, стручните работници во изградбата на патишта, железнички пруги и слично, достигнал 36 отсто, а градежните работници во Швајцарија можат да се пензионираат на 60 години.

Здружението на градежни работници укажува дека имиџот на работите во оваа стопанска гранка е полош од вистинските услови.

Се наведува дека работата на градежниците повеќе не е поврзана со физички напор, се помалку користат лопати, а се повеќе кранови, багери и дигитални средства за работа.

Што се однесува на платите во третата година од изучувањето на занаетот, ѕидар почетник зема повеќе од 1,800 франци (околу 1,670 евра), а за стручната работна сила за изградба на патишта платата изнесува 2,300 франци (околу 2,100 евра).

Колку за споредба, тие коишто се одлучуваат за изучување на занаетот графичар во третата година на образование земаат само 1,000 франци.

Подоцна платите на стручната работна сила во градежништвото може да се пресметуваат со просечната плата од 6,000 франци (околу 5,600 евра), а кој ќе успее да се образува и понатаму во сферата на градежништвото може да заработи и до 10,000 франци (околу 9,200 евра).