Правда

Младите медицински работници ќе добијат вработување на неопределно

Младите медицински работници - Работник
263views

Сите 1600 лекари, медицински сестри, болничари, физиотерапевти и административци кои во здравствените установи се со договор на дело ќе добијат сигурна работа.

Случајот со младата лекарка во дебарската болница која била ангажирана за 15 000 денари месечно без платени придонеси ги натера здравствените власти да го решат работниот статус на многуте медицински лица кои со години работат без платено здравствено и пензиско осигурување.

Министерот за здравство вели дека во Владата одлучиле сите тие да бидат вработени на неопределено време.

-Денеска побаравме од здравствнеите установи да достават финансиска контрукција што ќе им биде потребна за исплата на овие лица, како и точен број на вработени со договор на дело, вели Венко Филипче, министер за здравство.

На Клиниката за траума, ортопедија, анестезија и ургентен има околу 20 лица со договор на дело а трипати повеќе ги има во Градската општа болница 8-ми септември, каде дел од нив со години работат без решен работен статус, објави Сител.

Целосната објава можете да ја погледнете тука