Економија

ММФ: И покрај реформите, стапката на работна сила во земјите од Југоистчна Европа значајно ќе опадне

ММФ: И покрај реформите - Работник
213views

Студијата на Меѓународниот Монетарен фонд, под наслов: „Демографски движења во Централна и Источна Европа“ покажува дека популацијата во Централните, Источните и Југоисточните европски држави (ЦЕСЕЕ), со исклучок на Турција, ќе се намали значајно во наредните 30 години, поради стагнацијата на наталитетот и големата миграција. Овие промени ќе имаат значајни импликации на растот, животниот стандард и фискалната одржливост.

Работната сила ќе опадне значајно до 2050 година

Што се однесува на Југоисточна Европа, каде што е и Македонија, во студијата се вели дека и доколку модерираните реформи би помогнале да се намали опаѓањето на работната сила, тоа нема да биде доволно да ја заживее целосно. Според ова сценарио, просечното опаѓање на работната сила ќе биде лимитирано на 3 проценти до 2030 година, а до 2050 година ќе се зголеми на 16 проценти.

Реформите во Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Република Македонија, Молдавија и Србија до 2050 година ќе го доведат нето опаѓањето на работната сила под 10 проценти. Но многу држави, како Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија и Полска ќе се соочат со опаѓање на работната сила од над 20 проценти, и покрај зголемувањето на учеството на пазарот на трудот.

Пензиски системи

Студијата истакнува дека за разлика од Западна Европа, пензискиот систем во многу ЦЕСЕЕ држави се базирани на дефинирани придонеси. Системите изгледаат фискално одржливи, но имаат релативно ниски променливи стапки (пензиските исплати се од процентите на пред пензиските заработки). Иако скорешно адаптираните пензиски реформи во регионот целеа кон зголемување на старосната граница за пензионирање (или поврзување на пензиската возраст со животниот век), тие инкорпорира остри намалувања во проектираните заменски стапки. Во просек, еден пензионер во 2050 година ќе прима околу една третина од пред пензиските примања.

Со исклучок на Украина, заменската стапка се проектира дека ќе опадне во ЦЕСЕЕ земјите, особено во Република Македонија, Молдавија и Полска, за 28, 30, 25 процентни поени. Студијата наведува дека во Република Македонија учеството на постари жени во пазарот на трудот е на ниско ниво.