МНОГУ ЛОША ВЕСТ ЗА СИТЕ ШТО ПЛАНИРААТ ДА СЕ ВРАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА: Еве за што станува збор
Во моментов во Германија има помала побарувачка за квалификувани работници поради послабата економска ситуација во земјата, се вели во извештајот објавен вчера од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.
Според последното истражување, приближно 28,3 отсто од германските компании пријавиле недостиг на квалификувана работна сила, што е намалување од 31,9 отсто во октомври.
Побарувачката за квалификувани работници во Германија е послаба, што значи дека нивниот недостиг во моментов не е толку итен проблем, коментира директорот за истражување на ИФО, Клаус Вохрабе.
Сепак, тој предупредува дека демографските промени во Германија претставуваат голем предизвик, така што долгорочно повторно ќе се зголемат проблемите со недостигот на квалификувани работници.
Во некои сектори се уште има изразен недостиг од квалификувана работна сила.
Во услужниот сектор, приближно 35,1 отсто од компаниите имаат потешкотии да најдат квалификувани работници, а овој процент е особено висок во правните и даночните консалтинг (75 отсто), агенциите за вработување и привремени вработувања (62 отсто) и услугите за сместување (42 отсто).
Како што е соопштено, околу 18 отсто од компаниите во германската индустрија сè уште не можат да најдат доволно квалификувани работници, а ситуацијата е особено сериозна во прехранбената индустрија, каде овој процент е 27 отсто, во машинската индустрија 23 отсто, а кај производителите на мебел 23 отсто.
Недостигот од квалификувани работници продолжува да се чувствува во малопродажбата и градежништвото, каде нешто повеќе од една петтина од компаниите пријавуваат тешкотии во пополнувањето на квалификувани позиции, се додава во извештајот.
Извор: Телеграф.рс