ПравдаСветСветот на работникот

Многу лоши вести од Лондон после детално истражување на коронавирусот

Многу лоши вести од Лондон - Работник
70views

Носењето на лична заштитна опрема во текот на лекувањето на пациентите заболени од Ковид – 19 не е доволно за потполно да се елеминира заканата од коронавирусот за здравствените работници кои се на правата линија на фронотот, се наведува во новата студија од Кралскиот колеџ во Лондон.

Здравствените работници со адекватни ракавици и маски и понатаму имаат три до четири пати повеќе ризик да се заразат со коронавирусот во споредба со општата популација, оценуваат истражувачите, пренесува Си – Ен – Ен.

Нешто повеќе од 20 отсто од здравствените работници на правата линија на фронтот пријавиле најмалку еден симптом поврзан со инфекцијата од САРС -КоВ -2 во споредба со 14,4 отсто од општата популација, наведуваат тие.

Истражувачите користеле апликација за следење на системот на Ковид за да ги проучат податоците за повеќе од два милиони луѓе, вклучувајќи речиси 100,000 здравствени работници во САД и Обединетото Кралство од 23 март до 23 април.

Утврдиле повеќе од 2,700 случаи на коронавирусот на 100,000 здравствени работници во споредба со само 24 случаи на 100,000 граѓани помеѓу општата популација.