ЕкономијаМакедонија

Многу малку македонски компании соработуваат со странски фабрики

Многу малку македонски компании - Работник
162views

На прсти се бројат македонските компании што им продаваат на странските фабрики во индустриските зони и надвор од нив. Соработката е далеку под задоволителното ниво. Недостатокот на стандарди, кадар и технологија се главни проблеми кои ги спречуваат да станат дел од синџирот на снабдување на странските фабрики. Денеска и утре 100 македонски, 34 странски и 15 компании директни инвеститори во земјава ќе имаат преку 400 средби на кои ќе бараат можности за соработка. Според Асоцијацијата на метална и електро индустрија која го организира овој настан, досегашните ефекти се склучени зделки во вредност од 500 илјади евра. Надлежните тврдат дека прават доволно за поврзување на домашните со странските фирми, објави Алфа.

Целосниот текст прочитајте го тука