ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Можен е штрајк во „Фијат Крајслер“ во САД

Можен е штрајк во „Фијат Крајслер“ во САД - Работник
154views

Синдикатот на работници од авто – индустријата во САД започнал да се ценка со „Фијат Крајслер“ за новата спогодба, при можноста да влезе во штрајк против тој произведувач на автомобили во Детроит.

Работниците минатата недела го потврдиле договорот со „Форд“, а со „Џенерал Моторс“ тоа го направиле после четриесетдневниот штрајк на 49,000 вработени кои минатиот месец сосема ја запреле компанијата.

Аналитичарите на авто – индустријата велат дека договорот со синдикатите ќе го чини „Фијат Крајслер“ многу поскапо отолку што ги чинело „Форд“ и ЏМ.

Директорот на „Фијат Крајслер“, Мајк Менли неодамна надовестил дека неговата компанија без да сака ја следи шемата на договорот што синдикатот го постигнал со другите две компании, но синдикатот, во меѓувреме го очекува токму спротивното, а тоа е ФЦА да го прифати истото што го прифатиле и ЏМ и „Форд“.

Синдикатот на авто – работниците (United Auto Workers, UAW) соопштил дека очекува „правичен, балансиран и примерен договор бидејќи ФЦА е профитабилна компанија“, наведено е во изјавата на UAW  кој го предупредил ФЦА дека „не може да се фали со заработка на  Волстрит, а истовремено и да го игнорира жртвувањето на својата работна сила која довела до тој профит“.

Договорот со „Форд“ и ЏМ им дава на работниците кои се примени после 2007 година такво зголемување на платите да за четири години можат да ги достигнат најголемите плати кои порано им се даваа на производните работници. И на работниците на одредено време новата спогодба им овозможува да дојдат до трајно вработување во рок од три години.

На работниците вработени после 2007 година сега им се исплаќаат пониски плати отколку на работниците пред тоа, иако работат исти работи. Работниците ангажирани пред 2007 година добиваат мешавина на годишни зголемувања на платите и паушален износ.

„Фијат Крајслер“ има повеќе работници ангажирани после 2007 и поголем процент на привремени работници од „Форд“ или ЏМ. Тоа значи дека условите на новата спогодба со синдикатите, односно договорот со вработените ќе го чини ФЦА повеќе пари, рекла Кристин Џичек, потпретседателка на Центарот за истражување на автоиндустријата, во Мичиген.

Таа рекла дека штрајкот против ФЦА зависи од тоа колку таа компанија е подготвена да ги следи примерите кои ги поставиле „Форд“ и ЏМ.

Иако од 2016 година, „Фијат Крајслер“ објавил дека имал повеќе од 10 милијарди долари нето добивка, главно од заработката во Северна Америка, неговите работници имале помалку приходи од конкурентите во Детроит.

Преговорите со синдикатите ја искомплицирале спогодбата на„Фијат Крајслер“ со францускиот „ПСА Пежо“, бидејќи таа нова групација ќе управува, на чело со директорот на ПСА со францускиот дел на конгломератот.

Од другата, синдикална страна, преговорите ги комплицира и тоа што и понатаму е во тек истрагата на сојзуните власти во САД против дел од раководството на синдикатот на авто – индустријата- UAW , обвинето за примање на мито и проневера и тоа токму во „Фијат Крајслер“, што се обелоденето уште од 2017 година.