ЕкономијаСвет

Можно решение за „Алуминиј“, израелско – кинески конзорциум дал понуда

Можно решение за „Алуминиј“- Работник
31views

Израелско – кинескиот конзорциум им понудил на властите на Федерацијата на Босна и Херцеговина да го преземе затворениот екс – ју гигант Алуминиј во јули. Конзорциумот е составен од групацијата М.Т Абрахам Амир Грос Кабирија, претприемач и сопственик на фудбалскиот клуб Хапоела од Тел Авив и кинескиот гигант ЦМЕЦ. Тие во понудата навеле дека во план е повторно покренување на производството.

Претставниците на израелските и кинеските инвеститори им го соопштиле бизнис планот на властите за повторно покренување на производството.

М.Т Абрахам и ЦМЕЦ понудиле вложување од околу 200 милиони евра во градењето на посебни електрани за Алуминиј како долгорочно решение за снабдување до електрична енергија, како и отворање на погон за работење на завршните производи од алуминиум.

Со тоа во рок од година дена овие инвеститори ветиле дека ќе ги вратат на работа сите работници.

Во таа понуда доставена до Владата се бара од Федерацијата на БиХ да субвенционира дел од трошоците за електрична енергија додека електраните за потребите на Алуминиј не бидат изградени.