UncategorisedМакедонијаСиндикат

МОТ во соработка со ЕУ спроведува проект за зајакнување на социјалниот дијалог

359views

Меѓународната организација на труд, во соработка со Европската Унија, го спроведуваат проектот за зајакнување на социјалниот дијалог. Проектот започна на 1 јануари 2019 година, а ќе трае до 30 јуни 2021 година. Европската Унија за овој проект донираше 1.186.360 евра.

Целта на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог е да го подобри социјалниот дијалог како средство за создавање повеќе и подобри работни места. Проектот е наменет да го поддржи учеството  на институциите за социјален дијалог во креирањето политики на национално и локално ниво, како и да ги поттикне националните и локалните економско – социјални совети, редовно да се консултираат. Овој проект ќе создаде услови социјалните партнери подобро да обезбедуваат квалитетни совети за создавање на нови политики, во кои ќе бидат вклучени социјалните партнери.

Проектот се состои од три клучни компоненти. Првата компонента има за цел да го подобри функционирањето и видливоста на Економско – социјалниот совет (ЕСС), (кој претставува трипартитно тело, каде што се вклучени: Владата, работодавачите и синдикатите), преку развивање на практики за зголемување на неговото влијание и надминување на предизвиците при финансирањето, давање мислења и следење на последователните активности за препораките, мислењата и советите. Проектот има намена да го олесни националното разгледување на неопходните промени во постојаните законски и институционални рамки на ЕСС.

Втората компонента се фокусира на подобрување на социјалниот дијалог на локално ниво, преку подобрување на структурата и функционирањето на локалните економско-социјални совети (ЛЕСС), со можност да се заживеат оние совети, кои воопшто не се употребуваат.  Меѓународната организација на труд ќе им помогне на четири оперативни ЛЕСС да преговараат, склучат и да го следат спроведувањето на локалните партнерства за вработување, кои ги опфаќаат и предизвиците со невработеноста кај младите. Локалните партнерства за вработување ќе поддржуваат децентрализирано спроведување на националната политика за вработување. Тие се и еден вид на наменски интервенции, договорени од повеќе чинители на пазарот на трудот, за развивање на локални решенија за конкретни предизивци.

Третата компонента цели кон тоа да ја зголеми видливоста, значењето и капацитетот на синдикатите и на оргнизациите на работодавачи. За да се постигне ова, предложената стратегија е двократна. Од една страна, се надоврзува на претходниот успех со обезбедување на поддршка во спроведувањето на стратешки и маркетинг планови. Од друга страна, ќе се работи на тоа да се зголеми членството на социјалните партнери, со цел тие да станат посилни во своето движење и заеднички да ги остваруваат своите права.

Според МОТ и ЕУ, овој проект е корисен за работодавачите, работниците и општата јавност на Македонија.