- Advertisement -
ЕкономијаПравдаСветСветот на работникот

МОТ до владите: Да ги поддржите мигрантските работници кои ќе се вратат дома

МОТ до владите - Работник
269views

Се проценува дека има 164 милиони мигрантски работници ширум светот, речиси половината од нив се жени. Тие сочинуваат 4,7 % од глобалната работна сила. Од МОТ ценат дека нема сите мигрантски работници да се вратат дома, но нивното неформално истражување покажало дека поголемиот дел од нив ќе бидат принудени да се вратат. 

Advertisement

Фото: Open Society Foundations

Десетици милиони мигрантски работници кои се принудени да се вратат во своите родни земји поради пандемијата од Ковид – 19, по губењето на нивните работни места, се соочуваат со невработеност и сиромаштија во нивните татковини, предупредува Меѓународната организација на труд.

Advertisement

„Како што се олеснуваат рестриктивните мерки, милиони на мигрантски работници ќе треба да се вратат во своите земји кои што се со ниски или средни приходи и кои пред кризата беа во лоша економска ситуација, а сега се уште повеќе ослабени поради големите стапки на невработеност и сериозните прекини на бизнис процесите поради пандемијата“, истакнаа од МОТ, додавајќи дека нивните семејства ќе страдаат најмногу, бидејќи нема да ги добиваат приходите кои работниците им ги праќале додека работеле надвор од родните земји.

Од МОТ истакнаа дека некои мигранти се нашле заглавени во земјите каде што работат, без притоа да имаат пристап до социјална заштита и пари за да можат да купат храна и да ги платат наемите за престој. Според нив, дури и оние коишто сеуште имаат работа, земаат помали плати и живеат во мали престојувалишта, каде социјалната дистанца не е возможна, со што се изложени на поголем ризик да се заразат од коронавирусот.

Велат дека додека голем број на мигрантски работници, особено жени, ги работат есенцијалните работи за нивните земји – домаќини, во ек на пандемија, особено во секторите згрижување и агрикултура, тие коишто работат во другите сектори, или ги загубиле работните места или работат неформално.

„Ова е потенцијална криза во криза“, рече Директорката на одделот на МОТ за услови на работа и еднаквост, Мануела Томеи. „Знаеме дека милиони на мигрантски работници кои се под рестриктивни мерки во земјите каде што работат, ги изгубиле своите работни места и сега од нив се очекува да се вратат дома, во држави кои се борат да преживеат, каде што има слаба економија, а бројот на невработени расте. Соработката и планирањето се клучни за избегнување на влошување на кризата“.

Се проценува дека има 164 милиони мигрантски работници ширум светот, речиси половината од нив се жени. Тие сочинуваат 4,7 % од глобалната работна сила. Од МОТ ценат дека нема сите мигрантски работници да се вратат дома, но нивното неформално истражување покажало дека поголемиот дел од нив ќе бидат принудени да се вратат.

Од МОТ побараа владите да преземат мерки и да ги поддржат мигрантските работници кои ќе се вратат во своите родни земји.

Advertisement