ПравдаСветот на работникот

МОТ: Сексуалното насилство деменее низ текстилните фабрики во светот

МОТ: Сексуалното насилство деменее низ текстилните фабрики во светот - Работник
322views

Вработена во една текстилна фабрика во Мискор, во јужна Индија, со шепот ја искажа својата голема мака. Таа опиша како нејзиниот супервизор постојано ја повикувал после работа, барајќи од неа сексуални услуги, со ветување дека ќе и даде полесна работа или слободно време. Кога отишла да се жали на менаџментот во фабриката, тие не ја сфатиле сериозно, сметајќи го односот на нејзиниот супервизор за нормален, не презеле никакви мерки.

Стражарите на Човекови Права и Меѓународната Организација на труд, пријавиле сексуално вознемирување во текстилните фабрики низ голем број на држави.

Голем број на апели се упатени кон брендовите на текстилните фабрики, за да преземат мерки за добро третирање на работниците. Сепак овие мерки кои зависат од социјалните фактори, имаат тенденција да исчезнат за кратко време. Во исто време, брендовите избегнуваат да преземат чекори кои ќе ги оспособат работниците да ги пријавуваат вознемирувањата на работно мест, со формирање на слободни асоцијации на вработените.

Стражарите на Човекови Права спровеле пелминарна анализа на 50 ревизии од фабриките, од кои најголем број биле од Бангладеш, Индија и Пакистан. Шест големи компании за ревизија поднеле извештаи од 2016 до 2018 година. Во секој од 50-те извештаи, ревизорите ги интервјуирале работниците во групи, во комбинација и индивидуални интервјуа.

Овие ревизии требало да ги детектираат вознемирувањата на работно место, вклучувајќи го и сексуалното вознемирување на работно место. Но, многу малку работници се волни да зборуваат за овие проблеми пред други. Одбиваат и да зборуваат во фабриките каде што работат, бидејќи се плашат дека менаџерите ќе им се одмаздат.

Целосната статија можете да ја прочитате на следниот линк