Светот на работникот

МОТ ќе испрати глобален извештај по повод 28 април

МОТ ќе испрати глобален извештај по повод 28 април - Работник
202views

Инспириран од 100 годишнината од Меѓународната Организација на Труд – МОТ и дискусиите за иднината на работата, Светскиот ден на безбедност и здравје при работа, оваа година ќе се обиде да ги прикаже 100 години на работење, со цел подобрување на безбедноста и здравјето и продолжувањето со напорите за во иднина, преку огромните промени, како технологијата, демографијата, одржливиот развој, вклучувајќи ги климатските промени и промената на организацијата на работата.

Официјалниот Светски ден, 28 април, 2019 години ќе  биде го одбележи само почетокот на светските настани и активности кои ќе продолжат низ целата година, околу темата за безбедност и здравје и иднината на работата, славејќи и градејќи го богатството на знаењето и дејствијата кои биле акумулирани преку 100 години. Од МОТ велат дека се подготвени да се соочат и да ги проценат промените кои ќе ги донесе иднината на работата.

Од МОТ истакнаа дека ќе испратат глобален извештај, со кој ќе ја споделат 100 годишната борба во спасување на животи и промовирање на безбедни и здрави работни средини. Извештајот ќе се обиде да ја опфати еволуцијата на безбедноста и здравјето при работа, од почетоците на МОТ, во 1919 година, па се до денес, водејќи се низ главните преплети кои имале најголемо влијание на тоа како МОТ придонела во светот на работата, со унапредувањето на безбедноста и здравје при работа.

Глобалниот извештај ќе ги опфати и промените во работните аранжмани, технологијата (дигитализацијата, информациската и комуникациската технологија, работа на платформи, автоматизацијата и роботиката), демографијата, глобализацијата, климатските промени и други двигатели кои влијаат врз безбедноста и здравјето.