ЕкономијаСветСветот на работникот

МОТ: 25 милиони работници можат да останат без работа поради Ковид – 19 – Потребни се итни одржливи мерки

МОТ: 25 милиони работници - Работник
237views

Подготивил: Бобан Илијевски

Иницијалните процени на Меѓународната организација на трудот за влијанието на пандемијата на Ковид – 19 врз голобалниот свет на работата велат дека ефектите ќе бидат далекусежни, оставајќи милиони луѓе без работа и работна сиромаштија, како и голем број на работници ќе бидат деградирани. МОТ предлага мерки за одлучувачки, кооридниран и итен одговор на настанатата ситуација.

Проценките на МОТ велат дека економската и трудовата криза креирани од страна на пандемијата на Ковид – 19 може да ја зголемат невработеноста до тој степен да речиси 25 милиони работници останат без работа.

Но, од МОТ сметаат дека доколку има меѓународен координиран одоговор, како што беше во времето на финансиската гриза во 2008/9 година, тогаш влијанието на глобалната невработеност ќе биде значајно помало.

„Племинарната процена, насловена како Ковид – 19 и светот на работата: Влијанија и одоговори“, бара итни, опсежни и координирани мерки во три столба: заштита на работниците на нивното работно место, симулација на економијата и вработеноста и поддржување на работните места и приходите“, истакнаа од МОТ.

Според МОТ, овие мерки вклучуваат продолжена социјална заштита, поддржување на работните промени (скратено работно време, платено остуство и други видови на различен принципи на работа), олеснување на даноци и финасиски мерки за микро, малите и средните претпријатија. Додатно, процените предлгаат и фискални и монетарни политички мерки, како и субвенционирање на одредени економски сектори.

Различни сценарија предвидени од страна на МОТ

Базирано на различни сценарија за влијанието од страна на Ковид – 19 врз глобалниот раст на Бруто домашниот производ, МОТ проценува дека ќе има раст на глобалната невработеност од 5,3 милиони (позитивно сценарио) и 24,7 милиони (негативно сценарио) од 188 милиони вработени во 2019 година. За споредба, во финансиската криза во 2008/9 година невработеноста се зголеми за 22 милиони.

Според МОТ, се очекува и голем раст на деградирањето на работниците, кога економските последици од ширењето на вирусот ќе се преведат во намалувања на работните часови и платите. Самовработеноста во развиените држави која често служи за да се придуши ударот од промените, можеби нема да може да го стори тоа овојпат поради рестрикцијата за движење на луѓето (на пример, овозможувачи на услуги) и добра.

Намалувањето на вработеноста значи и поголеми загуби на приходите на работниците. Студијата проценува дека загубата ќе биде помеѓу 860 билиони и 3,4 трилиони американски долари до крајот на 2020 година. Ова ќе се преточи во падови во конзумирањето на услугите и добрата и ќе има влијание врз просперитетите на бизнисите и економиите.

МОТ проценува и дека ќе се зголеми работната сиромаштија, како што „ ќе се намалуваат приходите поради опаѓањето на економската активност“. МОТ проценува дека помеѓу 8,8 и 35 милиони луѓе ќе бидат во работна сиромаштија, споредено со првобитната процена за 2020 година (која проценила пад од 14 милиони ширум светот).

„Ова повеќе не е само глобална здравствена криза, туку исто така е и голема пазарна и економска криза која има големо влијание врз луѓето“, рече Генералниот Директор на МОТ, Гај Рајдер. „Во 2008 година, светот презентираше обединет фронт за справување со глобалната финасиска криза и најлошото беше избегнато. Потребен ни е таков вид на лидерство и решние“, додал тој.

Процената на МОТ предупредува дека одредени групи диспропорционално ќе бидат афектирани од страна на работната криза којашто може да ја зголеми нееднаквоста. Тука се вклучени луѓето во помалку заштитените и ниско – платените работи, особено младите и постарите работници, а и жените и мигрантите. Мигрантите се ранливи поради недостатокот на социјална заштита и права, а жените се премногу застапени во ниско – платените професии и афектираните сектори.

„Во време на криза како што е оваа, ние имаме две клучни алатки со кои може да избегнеме голема штета и да ја вратиме довербата на јавноста. Прво, социјалниот дијалог со работниците и работодавачите и нивните претставници е витален за градење на јавна доверба и поддршка за мерките кои се потребни за да се справиме со кризата. Второ, меѓународните трудови стандарди овоможуваат веќе пробани и доверливи темели за одговори кои се фокусираат на опоравувања кои се одржливи и издржани. Треба да се направи се за да се минимизира штетата врз луѓето во ова тешко време“, заклучи Рајдер.