- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Моќен банкар: Луѓето на есен мора да се вратат на работа – ако можат во ресторан, можат и во канцеларија

Моќен банкар - Работник
422views

Претседателот на управата на банката “Морган Стенли”, Џејмс Горман, им порачал на вработените на оваа компанија во Њујорк дека оваа есен ќе се вратат на работа во канцеларија, со оглед на тоа дека досега поради пандемијата работеле од дома.

Рекол дека е време за враќање во нормала, посебно сега кога се повеќе луѓе се вакцинираат:

“Ако можете да влезете во ресторан во Њујорк, можете да дојдете и на работа. А ние ве сакаме во канцеларија”, рекол тој, јавува “CNN”.

Горман додал дека вработените во компанијата полека се враќаат во седиштето на Тајмс Сквер, доаѓаат неколку пати неделно. Но, вели, кога летото ќе заврши, повеќе од вработените ќе мора да се “исклучат” од “Zoom” и почесто да доаѓаат на работа.

“Ќе бидам многу разочаран ако до 6-ти септември луѓето не се вратат во канцелариите, тогаш ќе водиме поинаков разговор”, вели Горман, со што всушност алудира дека оние кои не планираат да се вратат, можеби и не треба веќе да работат во “Morgan Stanley”.

Горман смета дека работникот не може да добива “њујоршка плата” ако работи од дома. Ако сакаат таква плата, ќе мора да работат во Њујорк.