ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

МТСП: Активните мерки за вработување успешни и во услови на криза, со субвенцинирање на плати досега вработени 1.346 лица

177views

Активните програми и мерки за вработување и во услови на криза им овозможуваат на компаниите полесно да ангажираат работници. Пазарот на труд функционира и покрај економските предизвици, вработувањата не се запрени. Над илјада работни места се поддржани само со една мерка од Оперативниот план за вработување “Субвенционирање на плати“ , за која компаниите покажаа исклучителен интерес.

Агенцијата за вработување досега распиша два јавни огласи за мерката, на почетокот на март и кон крајот на месец мај. Досега се потпишани договори со 1.042 компании за вработување на вкупно 1.346 лицa.

Финансискта поддршка е така дизајнирана што поттикнува вработување на млади лица и се настојува да се постигне еднаква родова застапеност. Со овие два огласи, поддржани се вработувања на 663 лица до 29 годишна возраст и на 663 жени. Финансиската помош за новоотворените работни места досега изнесува 302.556.000 денари.
Кај субвенционирањето на плати поддршката може да биде 3, 6 или 12-месечна. Се субвенционира бруто плата од 19.000 денари по лице. Со најголемата поддршка, фирмата добива неповратни 228.000 денари за вработување на едно лице, кое работодавачот има обврска да го задржи на работа вкупно 30 месеци.

Интересот на компаниите за отворање нови работни места со користење на мерката субвенционирање на плата ги надмина првично планираните средства и опфат на корисници. Затоа, Агенцијата за вработување ќе објави нов оглас.

Секое работно место е важно. Искористеноста на мерките од Оперативниот план за вработување покажува дека мерките се добро дизајнирани и насочени кон поддршка на невработените и компаниите. Продолжуваме да се грижиме за сите.