МакедонијаПравда

МТСП: Едукативни материјали, игри и активности за деца од 3 до 6 години на платформата ЕДУИНО

94views

Делот за предучилишно образование на платформата за е-учење ЕДУИНО е во функција. Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ и останатите партнери подготвија национална платформа за е-учење и игра наречена ЕДУИНО.

ЕДУИНО е едукативна платформа наменета за сите воспитувачи и родители на која може да се најдат, користат и преземат материјали, игри и активности за деца на возраст од 3 до 6 години. Платформата обезбедува содветни содржини за учење базирано на игра во воспитно – образовните институции детски градинки/центри за ран детски развој како и во домот со родителите за да се осигура квалитетна едукација и забава за најмладите. Оваа платформа нуди видеа со разработени воспитно-образовни содржини за децата на предучилишна возраст од 3-6 години. Видеата се во траење од 15-тина минути и се придружени со презентација и нарација/објаснување од воспитувач.  Досега се поставени над 150 видеа на македонски и албански јазик.

Во иднина, сите воспитувачи и родители на оваа платформа ќе може да најдат и преземат материјали, игри и активности подготвени за користење за деца од 3 до 6-годишна возраст.

Дигиталната платформа со видео материјали и активности за учење преку игра е достапна на следниот линк: www.eduino.gov.mk

Извор: Влада