Правда

МТСП: Известување за корисниците на правото за надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок за попреченост

171views

Согласно мерките за спречување на ширењето и сузбивањето на корона вирус донесени од Владата на РСМ,  Министерството за труд и социјална политика  ги известува  лицата кои имаат или ќе поднесат  ново барање за надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок за попреченост дека Комисиите за издавање на конзилијарни мислења ќе даваат конзилијарно мислење со наод, само врз основа на медицинска документација без непосреден преглед на странките. (Член 10 став 2 од  Правилникот за начинот за остварување на правото на паричен надоместок за помош и нега  од друго лице  и член 46 став 4 од Законот за социјална заштита).

Членовите на семејствата ќе имаат обврска да ја доставуваат потребната документација на закажаниот термин во надлежната комисија која е пропишана за наведените права.

Извор: Влада