- Advertisement -
Правда

МТСП: На работниците да не им се кратат трошоците, регулирани со колективен договор, или договор за вработување

МТСП: На работниците - Работник
282views

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работниците и работодавачите да водат социјален дијалог за сите прашања поврзани со остварувањето на работничките права. Апелираме до работодавачите, доколу правата на трошоци за превоз и храна се регулирани со колективни договори, или со договори за вработување, да не им ги кратат на работниците овие права, бидејќи тоа е спротивно на Законот.

Законот за работните односи предвидува, односно дава можност работодавачот на свој трошок на работниците да може да им организира превоз до работа и од работа како и исхрана за време на работа. Трошокот за исхрана може да изнесува најмногу до 20% од просечната нето плата по работник исплатена во претходната година, а трошокот за превоз  во висина на остварните трошоци во јавниот превоз. Трошоците за храна и превоз се предмет на договор во колективните договори и за истото треба да се договарaат работниците и работодавачите, или да се уредат со договорите за вработување.

Advertisement

Истовремено МТСП ги повикува работодавачите да го исплаќаат законски утврдениот износ на минимална плата којашто сега изнесува 14.500 денари.

Министерството за труд и социјална политика ги охрабрува работниците и работодавачите да преговараат за работничките права и да потпишуваат колективни договори, бидејќи само задоволни работници носат до продуктивно производство.

Advertisement

Извор: МТСП

Advertisement