- Advertisement -
НовостиСветот на работникот

МТСП ќе го презентира Оперативниот план за активни програми и мерки

МТСП - Работник
287views

Министерството за труд и социјална политика денеска ќе го презентира Оперативниот план за активни програми и мерки за 2021 година.

На презентацијата, како што е најавено, ќе се обратат вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири и постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации, Нарине Сахакјан.

Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека настанот ќе се организира согласно препораките и мерките за заштита од Ковид-19.