Наука

Музиката ја намалува болката

Музиката ја намалува болката - Работник
140views

Невронаучниците открија дека слушањето музика ја зголемува позитивната емоција преку центрите за наградување на нашиот мозок, стимулирајќи лачење на допамин што можат да нè натераат да се чувствуваме добро, па дури и сме болни. Слушањето музика исто така осветлува други области на мозокот – всушност, скоро ниту еден центар на мозокот не останува недопрен – што укажува на пораспространети ефекти и потенцијални употреби за музика.

Невролошкиот дострел на музиката и неговата историска улога во исцелителните и културните ритуали, ги натера истражувачите да размислат за начините како музиката може да го подобри нашето здравје и благосостојба. Особено, истражувачите барале апликации во здравствената заштита – на пример, помагајќи им на пациентите за време на закрепнување по операцијата или подобрување на резултатите за лицата со Алцхајмерова болест. Во некои случаи, позитивните влијанија на музиката врз здравјето биле помоќни од лековите. Во прилог еден позитивен ефект при слушање на избалансирана и добра музика.

Музиката ја намалува болката

Музиката има единствена можност да помогне во управувањето со болката. Во една студија во 2013 година, шеесет лица дијагностицирани со фибромијалгија – болест која се карактеризира со силна мускулно-скелетна болка – беа случајно назначени да слушаат музика еднаш дневно во текот на четиринеделниот период. Во споредба со контролната група, групата која слушаше музика доживеа значително намалување на болката и помалку депресивни симптоми.

Во друга неодамнешна студија, на пациентите кои биле подложени на хирургија на ‘рбетот, им било наложено да слушаат самоизбрана музика вечерта пред нивната операција и до вториот ден по нивната операција. Кога се измери нивото на болка по операцијата, групата имаше значително помалку болка отколку контролната група која не слушаше музика.

Влијанието на музиката врз лачењето на допамин може да има многу важа улога во човечкиот организам. Се разбира, стресот и болката се исто така тесно поврзани; така влијанието на музиката врз намалувањето на стресот, исто така, може делумно да ги објасни ефектите.

Сепак, малку е веројатно дека влијанието на музиката се должи на едноставен плацебо ефект. Во рандомизирана контролна проба во 2014 година, во која беа вклучени здрави субјекти изложени на болни стимули, истражувачите не успеаја да најдат врска помеѓу очекувањата и ефектите на музиката врз болката. Истражувачите заклучиле дека музиката е робустен аналгетик чии својства не се должат само на факторите за очекување.

Извор: greatergood.berkeley.edu