ЕкономијаМакедонија

МФ потврди засега се дозволува системски неконтролирана е – трговија

МФ потврди - Работник
132views

Комората на сметководители на Македонија во врска со реакцијата на Министерството за финансии испратена по одржаната прес конференција смета дека:

Во однос на забелешката за зголемувањето на ослободувањето на пратките од плаќање царина до 90 евра, сметаме дека не е исполнет основниот предуслов за системско решение со кое ќе се утврди каде оди робата што се увезува со електронска трговија без царина. Додека се чека воспоставување на таков систем, оштетени од оваа новина ќе бидат малите трговци и увозници кои плаќаат данок и царина, што беше истакнато и на прес конференцијата.

Препораката на ЕУ се однесува на увоз за лична употреба, со што мора да се достави директно до познат краен корисник, а кај нас како што наводовме нема систем каде оди робата. Дополнително, едно е тоа што граѓаните си носат од патување во износ до 350 евра и се знае кој го пренесува и таа сума е за предмети за лична употреба што е регулирано со акт и за 350 евра, доколку се обиде некој да помине низ граница за продажба или комерцијална употреба, а не лична повторно е должен со позитивните прописи да плати царина. Тоа со новите измени за електронски пратки не е случај и се стимулира уништување на трговците и увозниците што плаќаат царина, со дозволување на системски неконтролирана  е – трговија од странски земји.  Како што наведоа и МФ во нивната реакција систем се уште нема, туку се работи на негово поставување.

Цитат од реакцијата на МФ: „За тврдењата дека ќе се препродаваат производи – секако дека имаме конкретни мерки а се работи и на акциски план со кои се и ќе се адресираат сивата економија и нелојалната конкуренција, како и конкретни мерки за сивата економија во е-трговија, за што е формирана и работна група и имаше организирано јавна дискусија на која присуствуваа и коморите“. Тогаш требаше и овие законски измени да се донесат со одложена примемена додека се воспостави тој систем, а не да се оштетат илјадници лица кои работат и плаќаат царини при увоз.

Врска измените на образецот Даночен Биланс тие стапија на сила по нивното објавување во Службен Весник број 6 од 10.1.2020 година или поточно годинава кога веќе е започнато поднесувањето на завршните сметки за 2019 година. Ретроактивно да се носи акт даночна евиденција и известување за година која е измината е невидено и директно ја загрозува правната сигурност во Македонија.

Промените во Законите за даночната легислатива генерално повлекуваат потреба од промена на даночните обрасци, НО овие промени во обрасците, правилниците и остнатите поврзани подзаконски акти мора да се носат паралелно и истовремено со самите законски измени и да се остави период од најмалку 6 месеци до нивна ефективна имплементација во праксата така што компаниите ќе имаат доволно долг период да се прилагодат напромените а сметководителите и советниците доволно време да ги проучат импликациите на промените врз нивното работење.

За појаснување, завршните сметки се поднесуваат од 1 јануари до 15 март во тековната за претходната година, што може да предизвика дополнителни проблеми кај даночните обврзници, бидејќи брзите промени на даночното законодавство можат да иницираат ненамерни грешки кај даночните обврзници кои потоа скапо ќе ги чинат и ќе плаќаат глоби поради ова загрозување на правната сигурност.

Како и за многу други мерки и за овие штетноста од нивното воведување ќе ја почувствуваат компаниите, а направената штета ќе треба некој со одговорност да ја надомести.