ЕкономијаМакедонија

Надлежните очекуваат раст на економијата, а компаниите влошување

Надлежните очекуваат раст - Работник
165views

Раководителите на деловни субјекти укажуваат на намалени очекувања за трговијата во следниов период. Според анкетата што ја прави Државниот завод за статистика, се забележува благ пад на индикаторот на доверба, но она што загрижува е што деловните субјекти очекуваат влошување на состојбите во наредниот период.
– Според оцената на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје од 2019 година е за 0,2 процентни поени понизок во однос на претходното тримесечје. Eкономската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од 2019 година е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а e поповолна во однос на истото тримесечје од 2018 година. Се очекува да биде понеповолна и во наредните две тримесечја. Количеството на резервите е на еднакво ниво како и во претходното тримесечје – ова е наведено во соопштението на Државниот завод за статистика. Во соопштението е исто така посочено дека, според раководителите, финансиската состојба во второто тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното од 2019 година, пишува Нова Македонија.

Целосниот текст можете да го прочитате тука