- Advertisement -
ЕкономијаСветСиндикат

Над 10,000 отпуштени во туристичкиот сектор во Словенија поради корона вирусот

Над 10,000 отпуштени - Работник
409views

Отуштени се над 10,000 вработени во туристичкиот сектор во приморските градови на Словенија поради епидемијата на корона вирусот и ограничувањето на движењето, истакнаа од Крајбрежниот синдикат на Словенија.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, во овој период лани, 54 отсто од сместувачките капацитети во приморските градови во земјата беа исполнети, а сега поради епидемијата тие се комплетно затворени.

Advertisement

Според најоптимистичките предвидувања, хотелите и рестораните во Копер, Изола, Пиран, Порторож и Анкаран ќе бидат отворени кон средината на мај.

Во Словенија веќе има идеа која се почесто се споменува во медиумите, а тоа е летните одмори Словенците да ги поминат дома во земјата и на тој начин директно да му помогнат на туризмот, тешко погоден од епидемијата на коронавирусот.

Advertisement
Advertisement

Advertisement