ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Над 151 илјади луѓе се невработени, изјави директорот на Агенцијата за вработување Демири

Над 151 илјади луѓе се невработени - Работник
79views

Од почетокот на пандемијата на корона вирусот до крајот на септември, над 14.800 граѓани останале без работа. Вкупно над 151 илјади луѓе се моментално невработени, откри новиот директор на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири, во емисијата „10 минути“ на ТВ 21. Тој исто така рече дека во Агенцијата затекнал застој на употребата на албанскиот јазик, а вети дека ова прашање ќе биде еден од неговите приоритети.

„До 30 септември во Агенцијата за вработување се евидентирани 151,359 невработени лица, меѓутоа важно е да спомене како факт, од почетокот на кризата со пандемијата, врз основа на работните односи , за прекинат работен однос, односно одјавување од социјално осигурување, регистриран по 11 март 2020, односно во периодот на кризата со пандемијата, до 30 септември евидентирани се вкупно 14, 819 невработени лица“, посочи Абдуш Демири.