ПравдаСветСветот на работникот

Над 3000 новозаболени во Франција , властите бараат носење маски на работните места

67views

Властите во Франција ќе предложат носење маски на работните места бидејќи земјата се бори со нов бран на инфекција со коронавирус, а повеќе од 3.000 заразени се пријавени во изминатите 24 часа.

Министерството за здравство објави 3.310 нови инфекции со коронавирус, бележејќи голем број четврти ден по ред. Бројот на кластери што се испитуваат се зголеми од 17 на 252, според ажурираните податоци на веб-страницата.

Поради зголемување на бројот на заразени лица, Велика Британија воведе карантин во траење од 14 дена за луѓето кои доаѓаат од Франција од саботата наутро, а властите во Париз ги проширија градските зони каде е задолжително да се носи маска на отворено.

Министерката за труд Елизабет Борн изјави во разговорите со претставниците на работодавците и синдикатите во вторникот дека тие предлагаат маските да бидат задолжителни на колективните работни места.

„Темата во сите стручни дискусии е вредноста на носењето маски кога неколку луѓе се на мал простор“, рече Борн во интервју за францускиот весник „Ле Журнал ду Диманш“.

Лекарите сè повеќе бараат маски да се носат на работното место, а HCSP, тело кое ја советува владата за здравствената политика, издаде препорака во која се повикува маските да бидат задолжителни во сите јавни простории.

Поради зголемувањето на бројот на заразени оваа недела, седумдневниот просек на ново заразени е над прагот на 2.000 случаи, за прв пат од април, кога Франција се најде во еден од најстрогите карантини во Европа.

Во последните денови имало помалку случаи на ковид-19 во болниците, иако се зголемил бројот на нови инфекции, а експертите предупредуваат за ширење на вирусот кај помладите.

Сепак, најновите бројки покажуваат благо дневно зголемување на бројот на хоспитализирани лица, 4857 во однос на 4828 претходниот ден и зголемување на пациентите на интензивна нега од 367 на 376.

Извор: Канал5